Кина: САД да покажат посветеност во решавањето на украинската криза

Сподели со своите пријатели

Американските власти мора да покажат посветеност во решавањето на кризата во Украина, со укинување на санкциите воведени кон Русија, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан.

Loading...

Како што истакна кинескиот дипломат, претставниците на Белата куќа треба да престанат да и се закануваат на Москва и да ги промовираат руско-украинските мировни преговори, пренесува агенцијата ТАСС.

 

Велика Британија донираше 20 амбулантни возила на Украина

 

„САД профитираат од хаосот. Санкциите нема да ги вратат мирот и безбедноста“, рече Жао.

Говорејќи за настанот во украинскиот град Буча, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи рече дека сите обвинувања треба да се засноваат на вистински факти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите ненадејно влегоа во Купјанск

„Треба да се воздржи додека не се спроведе истрага“, посочи тој.

Loading...

 

 

Тешките борби продолжуваат, а хуманитарната ситуација во Мариупол се влошува

 

 

Според него, Кина поддржува иницијативи кои ги олеснуваат напорите за подобрување на хуманитарната ситуација во Украина.

Жао ја нагласи потребата да се открие „што навистина се случило и кои се причините за тоа“.