Loading...
Кина соопшти дека поднела жалба до Вашингтон поради најавената посета на тајванскиот потпретседател Вилијам Лаи на САД следниот месец.
Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг на прес-конференција изјави дека Кина се противи на каква било форма на поддршка на сепаратистичките сили кои се залагаат за независност на Тајван, пренесе Ројтерс.
Заменик-министерот за надворешни работи на Тајван Александар Јуе на прес-конференција рече дека потпретседателот на Тајван ќе ги посети САД на пат за Парагвај и по неговата посета на таа земја.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.