Разорниот земјотрес кој ја погодил кинеската провинција Сечуан пред 11 години бил трагедија за населението, но уништил и голем дел од природните живеалишта, а неколку панди угинале.
Единаесет години подоцна, кинеската влада одлучила во нивна чест да создаде голем национален парк.
Овој национален парк, чиј конечен план веројатно ќе биде довршен на есен, опфаќа 10.476 квадратни километри што е скоро три пати поголем простор од Јелоустон во САД.
Најголемиот дел од неговата површина ќе се наоѓа во провинцијата Сечуан во која живеат повеќе од 80 отсто од дивите панди. Инаку во оваа провинција се наоѓаа десетина резервати за панди и други заштитени подрачја кои содржат илјадници растителни и животински видови, од кои многу се загрозени.
Она што е позитивно е што бројот на панди во однос на 1980 година, кога имало околу 1.200, се зголемил, па според последниот попис од 2015 година се покажало дека ги има 1.864.
Теоретски, овој парк ќе им помогне во спосовноста да пронајдат партнери и да ја зголемат својата генетска разноличност.