Кина: Ја следиме ситуацијата и извештаите за шпионскиот балон во САД

Сподели со своите пријатели

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг Кина денеска изјави дека Пекинг ги следи медиумските извештаи и пишувањата за наводен кинески шпионски балон забележан во воздушниот простор на САД и повика на смиреност.

Loading...

„Кина е одговорна земја и секогаш строго се придржувала до меѓународните закони, а Пекинг нема намера да ја нарушува територијата и воздушниот простор на која било суверена земја. Што се однесува до балоните, како што само напоменав, ја разгледуваме и проверуваме ситуацијата и се надеваме дека двете страни ќе можат да се справат со тоа заедно мирно и внимателно“, рече Мао на редовната прес-конференција, пренесува АП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Студентите во Њујорк протестираа за Палестина, повеќе од 100 уапсени

Мао додаде дека политичарите и јавноста треба да се воздржат од избрзани заклучоци.

Како што рече, нема информации дали планираната посета на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Пекинг ќе биде одложена.

Блинкен треба да биде во Кина на 5 и 6 февруари за да разговара со кинеските претставници за војната во Украина.

Блинкен доаѓа во Кина во услови на заладување на односите меѓу Пекинг и Вашингтон поради трговијата, Тајван, човековите права и територијалните претензии на Кина во Јужното Кинеско Море.

Американските воени претставници изјавија дека веруваат дека е забележан сомнителен „балон за набљудување“ како лета над државата Монтана и се сомневаат дека и припаѓа на Кина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американците ставија вето за прием на Палестина во ООН

Објектот прелета над Алеутските острови, Алјаска и низ Канада пред да се појави над градот Билингс, Монтана, во средата, изјавија официјални лица, пренесе Би-би-си.

Loading...

Висок претставник на одбраната, кој сакаше да остане анонимен, рече дека владата подготвила борбени авиони, вклучително и Ф-22, во случај Белата куќа да нареди да се собори објектот.

Тој додава дека американскиот претседател Џозеф Бајден е свесен за ситуацијата.