Кина ќе ги зголеми своите воени трошоци во 2025 година на 1,78 трилиони јуани (250 милијарди долари), што е скок од 7,2 отсто во однос на минатата година, според владиниот извештај што ќе биде доставен до Националниот народен конгрес (НПЦ).
Loading...
Зголемувањето е исто како и зголемувањето во 2024 година во однос на претходната, а вкупниот буџет е повеќе од двојно зголемен од 2013 година, пренесува Ројтерс.
Кина останува втора на листата на земји со најголеми воени трошоци, зад САД, чиј предложен воен буџет за 2025 година е 850 милијарди, соопшти агенцијата, пренесе Танјуг.