Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун му честиташе на рускиот претседател Владимир Путин за победата на претседателските избори одржани викендов, објави денеска Корејската централна новинска агенција (КЦНА).
Loading...
Во извештајот се наведува дека севернокорејскиот амбасадор во Русија ќе упати честитка до руското Министерство за надворешни работи.
Според последните податоци објавени на веб-страницата на руската Централна изборна комисија, по преброени 98,05 отсто од гласовите, Путин убедливо води со 87,32 отсто од освоените гласови, пишува ТАСС.