Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го посети семејниот мавзолеј каде му оддаде почит на својот татко и поранешниот претседател на земјата, Ким Џонг Ил, објавија денеска севернокорејските медиуми.
Според Ројтерс, овогодинешната почит на Ким Џонг Ун на неговиот татко во палатата Кумсусан на Сонцето во главниот град Пјонгјанг, во која се сместени балсамираните тела на неговиот татко и дедо, е прва во последните четири години.
Ким Џонг Ун е придружуван од неговата сестра, висок функционер на Работничката партија на Северна Кореја , му оддаде почит и „изрази длабока почит“ кон неговиот татко, според КЦНА.
Како што е соопштено, роденденот на Ким Џонг Ил, 16 февруари, се слави како главен празник низ Северна Кореја и се нарекува Ден на блескавата ѕвезда.
Севернокорејскиот дневен весник „Родонг Шинмун“ објави бројни написи во кои го пофалува таткото на актуелниот лидер, а во редакцијата се наведува дека народот на Северна Кореја треба да го „поддржи“ владеењето на Ким Џонг Ун, објави претходно новинската агенција Јонхап.
Ким Џонг-ил, кој почина во 2011 година, е пофален за неговите напори да ја развие воената моќ на Северна Кореја и да го подигне националниот одбранбен систем на највисоко ниво.
Династијата Ким владее со Северна Кореја од основањето на земјата по Втората светска војна.