Најмалку три лица загинаа, а 16 се повредени во денешното гранатирање на вториот по големина украински град Харков, изјави регионалниот гувернер Олех Синехубов, пренесува Ројтерс.
Претходно, градоначалникот на Харков, Игор Терехов, во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека „руските сили постојано ги бомбардираат цивилните населби“ во тој град.
Тој изјави дека во изминатиот ден и половина загинале 15 лица, а повеќе од 50 се повредени.
Според него, споменатите 15 лица биле убиени во еден напад.

