Киев ги повика Украинците да ги напуштат окупираните територии

Сподели со своите пријатели

„Ги советувам Украинците на привремено окупираните територии да одат во трети земји или да се подготват“, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук на Телеграм без дополнително објаснување.

Loading...

„Знаете што да правите, грижете се за себе и за вашите деца. Окупаторските службеници сè уште имаат време да си заминат“, додаде таа.

Таа напиша и дека некои од нив веќе ги подготвуваат своите работи и дека би било „добро да ги донесат со себе и своите соработници“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.