Секретарот на украинскиот совет за национална безбедност и одбрана, Олексеј Данилов му одговори на поранешниот руски претседател Медведев, кој повторно се закани со нуклеарно оружје, пишува Украинска Правда.
– Порака до Медведев. Испечати го ова и читај го на глас најмалку три пати на ден. Секое утро, пладне и вечер. Пред и по земањето на вашите стандардни 100 грама (или веројатно повеќе во вашиот случај) тврд алкохол – стои на почетокот на пораката, а потоа Данилов презентира четири точки што треба да ги запамети.
1. Рускиот пораз е дефинитивен и неизбежен
2. Режимот во Кремљ го започна процесот на распаѓање на својот мизерен изговор за империја и лажна федерација
3. Ќе бидат ослободени сите окупирани територии. Ова не се однесува само на Украина, туку и на Грузија, Молдавија, Јапонија и други земји и народи. Ова ја вклучува Белорусија како земја ослободена од руските окупатори.
4. Руските закани за употреба на нуклеарно оружје се форма на самоубиство. Русија на крајот ќе стане непријател број еден на целиот свет.
Потсетуваме, поранешниот руски претседател и послушник на Путин Дмитриј Медведев денеска на социјалните мрежи повторно спомна нуклеарно оружје….
– Целта на Украина во војната беше веќе дефинирана од режимот во Киев – враќање на сите територии кои претходно и припаѓаа, односно нивно отстранување од Русија. Ова е закана за опстанокот на нашата земја и за распаѓање на денешна Русија, рече Медведев и додаде дека тоа е „директна причина за примената на член 19 од Основата на државната политика на Руската Федерација во областа на нуклеарно одвраќање“.
Во превод, според него, Русија има право да користи нуклеарно оружје на окупираните украински територии доколку Киев не ја прекине својата контраофанзива.
– Ајде работите да ги наречеме со вистинското име. Западните земји го туркаат светот во глобална војна. А само целосната и конечна победа на Русија е гаранција против светскиот конфликт – вели Медведев.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.