Кикбокс клубот „Предатор“ од Куманово на второто Државно првенство во организација на Киксбокс Маитаи Федерација на Македонија, кое се одржа минатата сабота во Скопје, учествуваше со 6-мина натпреварувачи, а се врати со дури пет медали, две златни и три бронзени.
Со медали се закитија Леонид Павловски 1 место јуниор во категорија -84кг, Ана Илиевска 1 место јуниор +70кг, Стефан Јовчевски 3 место постар кадет +75кг, Милица Ѓорчевска 3 место постар кадет -60кг, Денис Љатифи 3 место јуниор -63кг и Буњан Даипи сениор -74кг е без медала, но со одличен прв натпревар во својата кариера.
Од клубот истакнаа дека се задоволни од постигнатиот пласман, но и од организацијата на натпреварувањата.
-Се се должеше на напорната работа на нашите ученици, но и на нас тренерите, мене, Оливер Милорадовски и Оливера Свилар. Одржувавме вонредни тренинзи, цело време се подготвуваме и некако беше очекуван овој резултат. Беше јака конкуренцијата, имаше клубови од целата држава. Организацијата беше одлична благодарение на новата постава на Кикбокс Маитаи Федерација со новиот претседател Дејан Митровски Урко и секретар Драган Атанасовски Драгче-истакна Јован Крстевски, тренер во КБК „Предатор“ Куманово.
Актуелните јуниорски шампиони Ана Илиевски и Леонид Павловски истакнаа дека се задоволни од резултатот, но и дека конкуренцијата била тешка.
-Тренирам кикбокс нешто повеќе од две години за мене ова е трето учество на државно првенство. Минатата година се закитив исто така со златен медал. Сега пред еден месец кога учествуваме земав два сребра и сега повторно со златен медал, навистина е тешко, но доколку напорно се тренира со помош на тренерите, со нивните искуства се може да се постигне-посочи Ана Илиевска.
-Ова е моја прва борба на државно првенство, задоволен сум што освоив прво место, имаше голема конкуренција, но се помина добро-истакна Леонид Павловски.
На оваа првенство се одржал и семинар за лиценцирање на судии и тренери, на тренерот од КБК Предарот Јован Крстевски се здобил со Б класа судија, а тренерот Оливер Милорадовски со Ц класа тренер.
КБК Предарот во наредниот период го очекува учество на уште едно државно првенство, но и на балканското кое треба да се одржи во Скопје. Инаку клубот работи на 2 локации во градот, на 3 МУБ и во населбата Перо Чичо, поточно во месноста викана Магаза.