КБК Куманово 2006 ќе учествува на Светскиот куп во кик-бокс

Сподели со своите пријатели

Кик боксери на клубот Куманово 2006 од утре до 18ти јуни ќе учествуваат на Светскиот куп во кик бокс кој ќе се одржи во Будимпешта, Унгарија.

Loading...

Јосиф Илиевски ќе се натпреварува во младинска, а Лука Велковски во сениорска конкуренција во дисциплината лоу кик во тешка категорија.

– Самото учество на светски куп е голем успех за нашиот клуб и град, но сигурно нема да се предадеме. Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме за медали иако конкуренцијата ќе биде голема. Очекувам од Лука добар настап, тој неколку години е државен првак, редовно се натпреварува на балкански првенства и турнири така да светскиот куп е круна за неговата досегашна кариера и предизвик да постигне успех. Ние сме подготвени и очекуваме добри резултати, изјави Сашо Илиевски, тренер на КБК Куманово 2006, кој ќе ги предводи двајца кик-боксери.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово се избори за Прва лига

 

 

Инаку Светскиот куп е во организација и според календарот на светската ВАКО организација.

На турнирот учество ке земат преку 1.000 натпреварувачи од многу светски држави и уште неколку натпреварувачи од клубови од Македонија.

Loading...

Никола Ивановски