Казахстан нема да ги признае референдумите во Украина

Сподели со своите пријатели

Казахстан, еден од најблиските сојузници на Русија, нема да ја признае евентуалната руска анексија на источните региони на Украина по тамошниот референдум, соопшти Министерството за надворешни работи на оваа централноазиска земја.

Loading...

Гласањето беше одржано во четири украински региони претежно под контрола на руските сили, што го означи почетокот на планот на претседателот Владимир Путин за анексија на поголем дел од Украина.

Западот тврди дека тоа е кршење на меѓународното право што значително ја ескалира војната во земјата.

Русија ги нарекува своите акции во Украина „специјална воена операција“.

„Што се однесува до одржувањето на референдумот… Казахстан тргнува од принципите на територијалниот интегритет на државите, нивната суверена еднаквост и мирен соживот“, изјави портпаролот на министерството Аибек Смадијаров.

Казахстанскиот претседател Касим-Јомарт Токаев постојано повикуваше на решавање на украинскиот конфликт во согласност со Повелбата на Обединетите нации.

„Ја потврдуваме нашата подготвеност да обезбедиме секаква можна помош за воспоставување политички дијалог“, рече Смадијаров.

„Истовремено, нашата земја смета дека најважна цел е зачувувањето на стабилноста, било на регионално или на глобално ниво“ – рече тој.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.