Катастрофално невреме на Халкидики: Шест лица загинати

Сподели со своите пријатели

Во страшното невреме кое вчеравечер го погоди северниот дел на Грција животот го загубија шест лица, а причинета е голема материјална штета во регионите Македонија, Тракија и Тесалија.

Loading...

Според првичните информации, меѓу жртвите е педесет и четиригодишна жена од Романија која престојувала во Неа Плаја, двајца државјани на Чешка на чија куќа во Созополис се урнало клизиште. Уште двајца други државјани на Чешка загинале во Неа Потидеа – татк и двегодишен син. Последната жртва се уште не е идентификувана.

Водата носела дрјва, а во морето можеле да се видат чадори и лежалки од баровите на плажите додека во Потидеа дошло и до помал ураган.

Фото: YouTube printscreen / OneTV

Leave a Reply