Катар ја обвинува Германија за двоен морал

Сподели со своите пријатели

Катар е незадоволен од критиките кои доаѓаат од официјален Берлин. Тамошниот шеф на дипломатијата посочува дека Германците имаат различни критериуми кога е во прашање фудбалот отколку кога станува збор за изворите на енергија.

Loading...

Министерот за надворешни работи на таа земја, Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, две недели пред почетокот на Светското првенство во фудбал, кое се одржува во Катар, во денешното издание на весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ го обвинува Берлин за „двојни стандарди“.

Од една страна, „владејачките политичари ги дезинформираат граѓаните на Германија“, а од друга, вели министерот, владата во Берлин нема проблеми со Катар кога е во прашање енергетското партнерство или извлекувањето германски државјани од Авганистан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Премиерот на Израел до Германија и Британија: Сакам да бидам јасен – одлуките ќе ги носиме сами

„Кога го организираме Светското првенство во фудбал, кога уживаме во тој момент и кога сакаме да го прославиме со селекцијата на Германија, тогаш наеднаш важат други критериуми“, вели Ал Тани.

Катар, додава тој, отсекогаш бил отворен за конструктивна критика, но кога владата „која наводно соработува со нас“ и која знае сè за развојот и реформите, изјавува работи врз основа на погрешни информации и кога создава погрешна слика, тогаш „ние не можеме така да прифатиме“, изјави шефот на катарската дипломатија за весникот од Франкфурт.

„Сите се добредојдени“

Незадоволството во Доха „пламна“ по последните изјави на германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фесер (СПД), која доделувањето на организацијата на светското првенство на Катар го окарактеризира како „тотално тешко“ во контекст на состојбата со човековите права.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нетанјаху зборуваше за следните чекори на Израел по нападот од Иран

Фезер побара и безбедносни гаранции за ЛГБТИК заедницата, имајќи предвид дека хомосексуалноста е казнива во Катар.

Ал Тани одговори дека највисоките функционери на Катар постојано повторувале „дека сите се добредојдени и дека никој нема да биде дискриминиран“.

Loading...

Безбедносните сили на Катар добија јасна наредба да дејствуваат само „доколку е загрозена безбедноста на навивачот, ако има насилство“.

Катарскиот министер изрази жалење што, како што рече, некои политичари „на наша сметка“ се профилираат и добиваат поени.

Светското првенство во фудбал започнува на 20 ноември. Турнирот е многу контроверзен поради необичниот тајминг на настанот (на крајот на календарската година), и поради прашањето за човековите права во Катар, односно поплаките дека овие права не се почитуваат во Катар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Германија наскоро ќе се продаваат само бели јајца

Според организациите за човекови права и активисти, многу работници загинале на градилиштата на стадионите за Светското првенство.

За време на неговата посета на Катар во септември оваа година, германскиот канцелар Олаф Шолц зборуваше за напредокот во третманот на работниците – иако додаде дека стандардите во Катар не се совпаѓаат со оние кои се на сила во Германија.