Камерон: Ќе го предупредиме Израел дека трпението за цивилното страдање во Газа е при крај

Сподели со своите пријатели

Велика Британија ќе го предупреди Израел дека неговото трпение е при крај поради „ужасните страдања“ на цивилите во Појасот Газа, каде недостатокот на помош предизвикува луѓето да умираат од глад, изјави министерот за надворешни работи Дејвид Камерон, пренесува Ројтерс.

Loading...

Камерон, кој денеска во Лондон треба да се сретне со членот на израелскиот воен кабинет Бени Ганц, во вторникот во парламентот изјави дека справувањето со хуманитарната помош за Газа од страна на Израел покренало прашања за усогласеноста со меѓународното право.

Во своето обраќање во Домот на лордовите, тој рече дека „се соочуваме со ситуација на страшно страдање во Газа и опасност луѓето да умрат од глад и болести кои би можеле да се спречат“, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пад на цената на нафтата по конфликтот меѓу Иран и Израел

Камерон во парламентот ја изнесе информацијата дека помошта во Газа е намалена за половина во февруари во споредба со онаа во јануари.

Тој најави дека за ова ќе ги предупреди израелските власти кога во текот на денот ќе се сретне со министерот Ганц, кој ќе престојува во Велика Британија.

Ганц, политички ривал на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, слушнал слична порака кога во понеделникот се сретнал со американскиот потпретседател Камала Харис во Вашингтон, пренесува Ројтерс.

Таа рече дека Израел треба да развие „веродостоен“ хуманитарен план за Газа, откако претходно предупреди дека условите таму се „нехумани“.

ОН и другите хуманитарни агенции го обвинија Израел за блокирање или ограничување на помошта за Газа, што Тел Авив го негира.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков: Русија ги повикува земјите од Блискиот Исток на воздржаност

Израел објави дека е посветен на подобрување на хуманитарната ситуација во Газа и дека нема ограничувања за помошта за цивилите, а за проблемите со испораката ги обвини Обединетите нации, објаснувајќи дека ограничувањата на количината и темпото на помош зависат од капацитетот на ОН и други агенции.