Калиопи ќе ја претставува Македонија на ”Евросонг 2016”

Сподели со своите пријатели

Калиопи ќе биде македонскиот претставник на овогодинешното издание на Евросонг, информираат од Македонската Радио и Телевизија.

Loading...

Македонската Радио Телевизија како членка на Европската Радиодифузна Унија, донесе одлука со која се дефинира  учеството на Македонија  на претстојното 61-то издание на најголемиот меѓународен музички фестивал во Европа – ИЗБОР ЗА ПЕСНА НА ЕВРОВИЗИЈА  кој ќе се одржи во мај 2016, во Стокхолм, Шведска.

Како што стои наведено на официјалната веб страна, МРТ не се сомнева дека со изборот на Калиопи за македонски претставник на Евросонг 2016 ќе се добие комплетен  “евровизиски музички пакет” – спој на атрактивност, автентичност и исклучителни вокални можности  во контекст на достојното претставување на Македонија пред европската и светска  културна јавност.

Нејзиното прво учество на Евровизија во 2012-тата година со песната “Црно и бело” и овозможи на Македонија влез во големото финале, оставајќи силен впечаток кај целокупната музичка јавност и публика, што сеуште трае.