Градоначалник на општина добил отказ откако било откриено дека е порно актер

Сподели со своите пријатели

Ларс Ериксон (55), службеник од шведскиот град Јокмок, ја изгубил работата откако било откриено дека претходно снимал филмови за возрасни.

Ериксон е на чело на градската администрација од февруари 2024 година, а неговото минато стана јавно откако беше идентификуван во два порнографски филма објавени во 2025 година и во октомври оваа година.

Тој тврди дека снимките се направени пред да ја преземе функцијата и дека последен пат соработувал со порно индустријата во 2022 година.

Се појави во филмови под псевдонимот Ханс.

Првпат бил отпуштен на 19 октомври, но бил вратен на работа една недела подоцна, при што му биле одземени овластувањата врз вработените, финансиите и буџетот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тревога во Вашингтон: Иран наводно планира напад со валкана бомба врз американски функционери

 

 

Сепак, кон средината на ноември, повторно била донесена одлука за негово отпуштање. Тој ќе добива отпремнина во износ од седум месечни плати.

Градските власти ја објаснија одлуката со безбедносни причини.

Тие веруваат дека неговото минато би можело да претставува потенцијална ранливост и можност за уцена, особено поради стратешката важност на оваа област.

Сепак, Ериксон ги отфрли ваквите тврдења, истакнувајќи дека станува збор за легална активност што завршила повеќе од две години пред тој да ја преземе функцијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп би сакал да се види со Ким, севернокорејскиот лидер не е воодушевен

Пред да влезе во локалната политика, тој бил член на Социјалдемократската партија во шведскиот парламент.