Европската унија го поздравува формирањето на нова преодна влада во Сирија и е подготвена да се ангажира со неа за да помогне во соочувањето со огромните предизвици, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.
Како што е објавено на веб-страницата на Европската унија, Калас рече дека аспирациите на сите Сиријци мора да се исполнат и дека ЕУ ќе застане покрај сирискиот народ, внимавајќи да се почитуваат заложбите на новата влада за мирна и инклузивна транзиција.
– ЕУ ја повторува својата непоколеблива поддршка за транзицискиот процес предводен од Сирија и сопственост на Сирија, мирен, вклучувајќи ги сите компоненти на сириското општество во нивната различност, каде што сеопфатната транзициска правда обезбедува одговорност за сите злосторства и значително придонесува за националното помирување. Во овој контекст, клучна улога ќе има процесот што го иницира Конференцијата за национален дијалог што се одржа на 25 февруари – посочи Калас.
Таа изјави дека од фундаментално значење е сите надворешни актери целосно да го почитуваат единството, суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија.
– ЕУ ги осудува сите обиди за поткопување на нејзината стабилност и изгледите за мирна и инклузивна политичка транзиција – рече Калас.