Слатки, горчливи, безалкохолни – какви и да се, коктелите се одлични за разладување во жешките летни денови.
Во продолжение, дознајте кој коктел му одговара на вашиот хороскопски знак:
Овен – Пинаколада
Отворени и искрени, Овните најмногу уживаат во егзотичните мешавини. Нивниот слободоумен и храбар дух сака да открива нови и поинакви работи.
Бик – Водка соур
Како знак кој цврсто стои на земјата со двете нозе, Бикот сака сè што е едноставно и практично – како овој коктел.
Близнаци – Маргарита
На веселите и симпатични Близнаци кои зрачат со животна убавина, најмногу им прилега маргарита. Коктелот кој настанал уште во 30-тите години на минатиот век, кога и дамите почнале отворено да уживаат во алкохолот, е како создаден токму за нив.
Рак – Тач даун
Ракот обожува да ги одржува старите врски, па затоа сака и класични коктели. Тач даун е уште еден класик помеѓу коктелите, со слатко-овошен и нежен вкус, токму како што се нежни и Раковите.
Лав – Космополитен
Пијалакот на Лавот е секогаш возбудлив и гламурозен – како него! Затоа Лавовите многу често пијат космополитен.
Девица – Москоу мјул
Овој коктел е има горчлива нота, токму како Девиците со нивниот директен, но искрен начин на однесување.
Вага – Мохито
Едни од најубавите жени во хороскопот се токму Вагите. Тие се секогаш убави облечени и знаат како да флертуваат. Со ваквиот коктел во рака, сите нивни карактеристики уште повеќе ќе се истакнат.
Скорпија – Секс он д бич
Тие секогаш зрачат со сексапил, токму како што сугерира и името на коктелот – Шкорпиите уживаат во животната радост и безгрижноста.
Стрелец – Маи таи
Знак создаден за патување и авантура од сите видови, свети како сонцето и никогаш не губи енергија. Доколку проба маи таи, неговиот вкус ќе го одведе во некои далечни краишта, а љубопитниот и енергичен Стрелец сигурно ќе тргне по нив.
Јарец – Ипанема
Јарецот е совесна личност и речиси никогаш не знае да претера, што не значи дека не знае да се опушти и ужива. Ипанема сигурно ќе ја зачини ситуацијата и тие моменти ќе ги направи уште подобри.
Водолија – Куба либре
Независната Водолија ја обожува слободата и за неа не постои подобар коктел од кубанскиот коктел со рум, чие име го содржи зборот „слободна”.
Риби – Баул
Со овој коктел, многу брзо ќе исчезне импулсивноста со која се одликува овој знак од Зодијакот.