Каков син сте според вашиот хороскопски знак?

Сподели со своите пријатели

Секео дете има поинаков пристап кон животот. Семејството има различни очекувања од синовите отколку од ќерката.

Loading...

Тие се гордост на нивните татковци, и честопати слаба точка на нивните мајки, но тие можат да се разликуваат во тоа како ќе им ја вратат љубовта и почитта на своите родители.

Еве што вели хороскопскиот знак за тоа каков син сте.

 

 

Овен

Синовите во знакот Овен се амбициозни, но никогаш нема да ја загрозат среќата на нивното семејство да ги остварат своите соништа. Тие по природа се неодлучни, а најважно им е среќата на семејството.

Loading...

Бик

Биковите се познати по лојалноста. Иако тие се тврдоглави и интровертни личности, тие поседуваат вештини кои суптилно ќе ги задоволат нивните родители.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хороскоп за понеделник, 23 декември

Близнаци

Синовите Близнаци се дрски, но одлични соговорници. Тие можат да направат родителите да се чувствуваат како да се на врвот на светот, но понекогаш е прилично тешко да ги воспитате.

 

 

Рак

Loading...

Раковите се крајно емотивни и чувствителни. Тие се интуитивни и можат да ги разберат желбите и потребите на нивните родители.

Лав

Лавовите се доминантни, а понекогаш и премногу самоуверени. Со син во знакот на Лавот, конфликтите и несогласувањата во куќата се неизбежни. Но, тие се всушност со меко срце и затоа ќе замижат пред некои ситуации.

Девица

Синовите во знакот на Девица се многу педантни. Тие се грижат за здравјето на своите родители и за домашните работи и се целосно спротивни на она што општеството го очекува од нивните синови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хороскоп за понеделник, 23 декември

 

 

Loading...

Вага

Синовите во знакот на Вага бараат рамнотежа и стабилност во нивните животи. Во време на конфликт и расправии во куќата тие се одлични медијатори кои можат да ја смират ситуацијата.

Скорпија

Страста и постигнувањето на целите се многу важни работи за една Скорпија. Тие толку многу се трудат да ги постигнат своите цели што понекогаш забораваат на своите родители. Но, кога ќе бидат присутни, тие ќе го опсипат семејството со љубов.

Стрелец

Синовите родени во знакот на Стрелец се слични на Овните. Тие се авантуристички и спонтани во сите аспекти на животот.

Loading...

 

 

Јарец

Синовите родени во овој знак се познати по практичност и љубов кон работата, па затоа се совршени хранители на семејството. Иако можеби не можат да ги разберат емоционалните потреби на нивното семејство, тие ќе го израдуваат семејството со подароци.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хороскоп за понеделник, 23 декември

Водолија

Водолијата е независна и многу либерална кон сè во животот. Иако не сакаат одговорност, тие внимаваат да не предизвикаат незадоволство во семејството.

Риби

Рибите се совршени, симпатични синови, кои секој родител ги сака за себе. Покрај грижата за емоционалните потреби на нивните родители, тие се грижат и за нивните материјални потреби.