Како венчаницата на кралицата Викторија го промени светот на венчавките?

Сподели со своите пријатели

Облечена во фустан од бела свила и чипка на свадбата на принцот Алберт во 1840 година, таа игнорираше некои од кралските обичаи и самостојно започна нова традиција на западната свадбена мода.

Loading...

Кралицата Викторија всушност имала прогресивни идеи и напредни ставови и влијаела на цела сцена која денес заработува милиони.

Таа избрала бела луксузна венчаница украсена со детали од локални британски производители, што исто така имало огромно влијание врз подоцнежниот развој на производството на текстил во Велика Британија.

 

 

И тогаш кралските свадби имале голем публицитет, биле супер интересни за публиката, луѓето ги интересирало како и што носат и кои се нивните обичаи.

Денес, можеме слободно да кажеме дека комбинацијата на технологија, индустријализација, медиуми и восхит кон монархијата придонесе белата венчаница на кралицата Викторија да стане трајна традиција.

Loading...

Креацијата била импресивна, со структурирано елече од осум дела и широко отворено деколте. Ракавите со отворени раменици биле кратки и прекрасни, подуени.

Зад неа имало вел од сатен долг околу шест метри, кој бил прилично тежок, па го носеле 12 луѓе кои оделе зад неа. Обемот на фустанот бил дури 4 метри.

– Носев бел сатенски фустан со специјални волони од чипка на Хонитон. Ставив дијамантски ѓердан и обетки на вратот и убав брош од сафир на Алберт – напишала лично Викторија, во сопствениот дневник, пишува Fashion history.

Ова бил и начин да се поддржи локалната изработка, така што чипката Honiton била само еден елемент, сè на креацијата било направено во Велика Британија.

Изработен е од англиска свила Spitalfields, во чест на англиските чипкачи.

 

 

Loading...

Свадбата на Викторија и принцот Алберт не била само прослава на љубовта, туку и силен социјален и деловен настан, а и самата кралица го реализирала својот голем потенцијал.

Токму поради ова, оваа венчавка е запаметена до ден – денес и е една од најзначајните во историјата.

Љубовта на младиот пар била и идеална можност да се подобри имиџот на монархијата.

До тој момент, британската монархија во голема мера била настрана од луѓето и немала блескава репутација. Но, на овој начин луѓето поблиску ги запознавале нивните владетели, а нивниот имиџ во јавноста се подобрил, а фустанот и деталите останале незаборавни и инспирација за стотици илјади невести по Викторија.

Никогаш дотогаш немало таква јавна кралска венчавка, имено, парот заедно со свечена поворка го обиколил градот.

Инаку, како кралица која се омажила, Викторија требало да носи црвена државна наметка од хермелин, таа го игнорирала тоа и ги заобиколила правилата облечена во бел фустан. Во тој момент, белата венчаница станува стандарден симбол на невиност и романса.

 

Loading...

 

Џулија Берд, авторка на книгата „Викторија кралицата: интимна биографија на жената што владеела со империја“, смета дека Викторија избрала да носи бело бидејќи тоа била совршена позадина за истакнување на нежната чипка.

Претходните дами од кралските семејства носеле злато и биле пораскошно облечени од Викторија, според различни протоколарни правила.

Инаку, белата боја била дел од светот на луксузната облека бидејќи беше скапо да се одржува чиста и убава. Луѓето носеле работи многу почесто отколку денес, па фустанот подобро и служел на секојдневната жена – темен или сив.

Повеќето невести во деветнаесеттиот век повторно го облекле или го менувале фустанот во кој се венчале, така што кројот и бојата морале да бидат соодветни за многу други прилики.

Овие креации обично биле најдоброто од плакарот, обично во пригушени црвени или кафени тонови.

Loading...

Всушност биле повеќе украсени дневни фустани. Но, по Викторија, модните изданија започнале нов тренд, а тоа е белиот фустан, кој и денес има посебно место во светот на модата и културата на облека.