Иако традиционалното општествено опкружување диктира дека жената е помлада од мажот во врска, многумина најдоа љубов со многу помлад или постар партнер.
Факт е дека најчесто мажите стапуваат во брак со помлади жени, а жените со постари мажи.
Според неодамнешното истражување на професор на Одделот за економија на Универзитетот Емори во Атланта, токму разликата во возраста може да биде значаен фактор кога станува збор за развод.
Возрасната разлика од пет години статистички значи дека имате 18 проценти поголема веројатност да се разведете (во споредба со само 3 проценти кога станува збор за разлика од само една година помеѓу партнерите), а таа стапка се искачува на 39 проценти кога зборуваме десетгодишна разлика, а 95 проценти кога станува збор за дваесет години разлика помеѓу сопружниците.