Како кумановските ученици пред половина век заработувале за одење на екскурзии?

Сподели со своите пријатели

Пред повеќе од половина век учениците од кумановскиот крај добивале средства од државата за организирање на научни екскурзии, но тоа била награда за помоштта која ја давале за својата задрруга.

Loading...

Во есента 1961 година ученици од разни училишта од Куманово пројавиле интересни иницијативи и формирале работни бригади, па во слободно време спроведувале низа акции.

Така учениците од ОУ „Кирил и методиј“ од село Романовце учествувале во берба на пченка во земјоделската задруга „Карпош“ и за неколку дена обработиле површина од 25 хектари, за што државата ги наградила со 150.000 динари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Дедо Мраз на мотор“ ја внесе новогодишната магија во Куманово (ФОТО)

Учениците пак од училиштето во Младо Нагоричане работеле на нивите во нивните земјоделски задрузи, при што за неколку дена набрале шеесетина хектари пченка. За својот труд од државата добиле 200.000 денари.

Добиените средства потоа, работните бригади ги искористиле за научни екскурзии.

„Наш весник“ број 2 (петок, 10 ноември 1961. година)