Како изгледа ноќниот живот во Киев додека трае војната? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Блогерот Антон Птушкин, кого на Јутуб го следат 267.000 луѓе, сними видео за актуелниот живот во Киев.

Loading...

Антон се прошета низ градот и рече дека се чувствувал како да е во паралелна реалност додека шетал низ урнатините на разни продавници и аптеки кои ги посетувал во последните десет години.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Француското обвинителство бара пет години затвор за Марин Ле Пен

Тој интервјуирал луѓе кои се кријат во тунелите на метрото, во подрумите, но и во ноќните клубови каде пијат и танцуваат за да се релаксираат во овие времиња, пренесува Индекс.

Антон ја посети и болницата каде се сретна со деца кои биле повредени и чии родители загинале штитејќи ги.

Неговото видео набрзо се прошири на социјалните мрежи, а твитерџиите пишуваат дека видеото на Антон е навистина важно и поучно.

Loading...