Кај Старо Нагоричане спречен шверц на 44 мигранти

Сподели со своите пријатели

На патот Старо Нагоричане – Пелинце, вчера полицијата спречила шверц на 44 мигранти од Палестина, Ангола, Конго, Судан, Пакистан, Гана и Сенегал.

Loading...

– На 20.09.2023 во 17.20 часот на регионалниот пат Старо Нагоричане-Пелинце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишиле од слобода Д.С.(27) од Велес, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, при контрола на товарно возило „ман“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 44 мигранти од Палестина, Ангола, Конго, Судан, Пакистан, Гана и Сенегал, меѓу кои и малолетници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Градежен работник од Куманово со тешки повреди завршил во болница

Д.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски