Каде исчезнаа највисоките руски генерали?

Сподели со своите пријатели

Откако заврши неуспешниот бунт на паравоената група „Вагнер“, највисоките руски генерали не се појавуваат во јавноста, пишува Ројтерс.

Loading...

Агенцијата забележува дека шефот на руските вооружени сили Валериј Герасимов не се појавил во јавноста, ниту на државната телевизија и дека не бил споменат во соопштението на Министерството за одбрана од 9 јуни годинава.

Генералот Сергеј Суровикин, кој е заменик командант на руските сили во Украина, не е ни во јавноста.

Последен пат беше виден викендот кога се појави на видео во кое повикува да се прекине маршот во Москва.

Претходно „Њујорк тајмс“ објави дека Суровикин однапред знаел за бунтот и дека руските власти проверуваат дали тој е соучесник, додека порталот „Москов тајмс“ објави дека Суровикин е уапсен.

Новинарот Алексеј Венедиктов, без да ги наведе своите извори, објави дека Суровикин не бил во контакт со неговото семејство од саботата и дека не може да се контактира со неговите телохранители.

Британската агенција пренесува дека, сепак, не добила независна потврда за ваквите наводи.

„Рибар“, влијателен Телеграмски канал со кој раководи поранешен портпарол на руското Министерство за одбрана, објави дека чистката е во тек, пренесува Танјуг.

Loading...

„Вооружениот бунт на приватната воена компанија „Вагнер“ стана изговор за масовна чистка во редовите на руските вооружени сили“, соопшти каналот „Телеграм“.

Ројтерс пишува дека таквиот потег, доколку се покаже како точен, може да го промени начинот на кој Русија ја води војната во Украина и да доведе до превирања во време кога Москва се обидува да ја запре украинската контраофанзива.

Во исто време, некои аналитичари сметаат дека министерот за одбрана Сергеј Шојгу, кого Пригожин сакаше да го собори, сега е можеби малку побезбеден.

„Мислам дека Пригожин очекуваше дека ќе се направи нешто за Шојгу и Герасимов, дека Путин ќе пресуди во негова корист. Наместо тоа, неговиот бунт можеби го обезбеди нивниот постојан мандат, и покрај тоа што беше познат како неспособен и широко омразен во вооружените сили на Руската Федерација“, напиша Мајкл Кофман од фондацијата Карнеги на Твитер.

За разлика од Герасимов, Шојгу има неколку јавни настапи од крајот на неуспешниот бунт.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.