Кабаре претставата ”Баунсерс” ја врати насмевката во Театар Куманово (галерија)

Сподели со своите пријатели

По подолга пауза поради немилите настани во Куманово, вчеранавечер на сцената на Театар Куманово, актерите на Албанската драма, пред кумановчани ја изведоа кабаре – претставата ”Баунсерс” работена според текст на Џон Годберг, а во режија на Ќазмедин Нуредини.

Loading...

 

 

Во комедичната претстава, вчеранавечер беше употребена и новата светлосна опрема која неодамна беше доставена во Театар Куманово.

 

 

Инаку, кабарето ”Баунсерс” е комедија во која четирите актери Ќазмедин Нуредини, Шкељќим Ислами, Сефедин Шабани и Енвер Халими ги толкуваа ликовите на четири чувари на мирот во провинциска дискотека во Англија, каде во монотонијата на ноќниот живот, одеднаш се појавуваат четири жени.

Loading...

Со претставата ”Баунсерс”, се враќа и животот во кумановскиот театар и културниот живот воопшто, откако поради настаните во Куманово на 9 и 10, замреа и сите настани од културната сфера.

Театар Куманово веќе на 22 јуни, започнува со повторна изведба на претстави од македонската драма.

 

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.