Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол се извини за неговиот обид да воведе вонредна состојба оваа недела во телевизиско обраќање до нацијата, само неколку часа пред планираното гласање за импичмент, пренесува Хина.
Loading...
Тоа беше прво јавно појавување на Јун откако ја укина наредбата за вонредна состојба во средата наутро, само шест часа откако беше прогласена и откако парламентот „пркоси“ на воените и полициските кордони за да гласаат против декретот, пренесува Ројтерс.
„Многу ми е жал и би сакал искрено да им се извинам на луѓето кои беа шокирани“, рече Јун, додавајќи дека нема да се обиде да ја избегне правната и политичката одговорност за неговата одлука, која додаде дека е „направена од очај“.