Јужна Кореја наскоро ќе соработува со Кина на повисоко ниво

Сподели со своите пријатели

Јужна Кореја наскоро ќе соработува со Кина на повисоко ниво и ќе бара можност за дипломатски ангажман со цел трилатерална соработка со Јапонија и Кина, изјави јужнокорејскиот амбасадор во Вашингтон Чо Хјун-донг.

Loading...

Чо на настан организиран од Центарот за стратегиски и меѓународни студии во Вашингтон рече дека пандемијата КOVID-19 спречи размена на високо ниво со Кина и дека има потреба од воспоставување нови основи во односите со соседот и трговски партнер број еден.

Трилатерална соработка меѓу Сеул, Токио и Пекинг

„Сега имаме многу подобра ситуација во однос на пандемијата, ќе соработуваме со Кина на повисоко ниво и ќе бараме можност за дипломатија во контекст на трилатералната соработка меѓу Сеул, Токио и Пекинг“.

Чо рече дека Кина веројатно „несреќно реагирала“ на дипломатскиот ангажман на Сеул со САД и Јапонија, особено на Декларацијата од Вашингтон договорена на самитот меѓу американскиот претседател Џо Бајден и јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол минатата недела.

„Но, ние дефинитивно ќе соработуваме со Кина“, рече тој, додавајќи дека Јужна Кореја мора да одржува добри односи со Кина.