Јутубер ги посетува опасните делови од светот: Ова е најлошото нешто што го видел (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Калум Милс е шкотски јутубер со повеќе од 73.000 следбеници. Тој е светски патник кој објавува видеа од целиот свет на неговиот канал Callum Abroad.

Loading...

Додека повеќето јутубери сакаат лежерни патувања полни со задоволства, луксуз, песочни плажи и скапи хотели, Калум ужива во истражувањето на помалку посетените земји и повеќе непознати делови од светот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CallumAbroad (@callumabroad1)

 

Херсон во Украина, кој беше под руска контрола, фавелите во Бразил, палатата на Садам Хусеин во Ирак со ограничен пристап, Ерусалим, Сирија и Пакистан се само некои од многуте места што Калум ги посетил.

На Унилад му откри како патувањето на такви места му ги отворило очите.

Сè што објавува на Јутуб, вели, е навистина такво како што е во реалноста и ништо не разубавува.

Loading...

„Се чувствувам некако привилегиран што можев да посетам такви места“, изјави тој.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CallumAbroad (@callumabroad1)

 

Најлошите работи што ги видел

Тој рече дека на своите патувања наишол на работи и ситуации кои не можат да се видат во Шкотска и другите делови на Европа и поразвиените делови на светот.

„Би рекол дека сиромаштијата ми е најтешко да ја гледам. Дури е тешко да се видат напуштени животни на улиците со видливи коски бидејќи се гладни“, објасни Калум, додавајќи дека во некои земји таквите ситуации се на секој агол.

 

Loading...

 

Колумбиските членови на банда го исплашиле

Призна дека имало неколку ситуации во кои се исплашил. Во колумбискиот главен град Богота, има населба Бронкс позната по високата стапка на криминал.

Таму имал можност да запознае членови на една банда кои му раскажувале разни приказни.

Тие му објасниле дека ако некој од членовите ја предаде бандата, ќе го натераат крокодилот да му ги одгризе сите екстремитети на предавникот.

 

 

Loading...

Ја посетик Украина и бил сведок на страшни сцени

Неодамна, Калум отпатувал во Украина за да разговара со луѓето што живеат таму и од прва рака да види низ што поминува земјата.

Тој бил сведок на повеќе бомбашки напади во областите во кои се наоѓал и разговарал со луѓето за тоа како се справуваат со тоа.

„Имаше тешки моменти кога бев таму каде што можеше да се видат тела како лежат на улица“, рече тој, додавајќи дека е срцепарателно да се сведоци на такви сцени.

„Но, во текот на денот атмосферата во градовите е жива, а луѓето одат на шопинг како и обично секој ден“, објасни овој јутубер.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CallumAbroad (@callumabroad1)

Loading...