Јермаков: Ризиците за директен конфликт меѓу Русија и Америка постојано растат

Сподели со своите пријатели

Ризиците за директна воена конфронтација меѓу двете нуклеарни сили – Русија и САД – постојано растат, изјави директорот на Одделот за неширење и контрола на оружјето на Министерството за надворешни работи на Русија, Владимир Јермаков.

Loading...

Тој за ТАСС изјави дека ако САД продолжат да го следат сегашниот курс на конфронтација со Русија, судбината на договорот СТАРТ за намалување на стратешкото нуклеарно оружје може да биде однапред одредена.

„Доколку настаните се развијат според најлошото сценарио, односно ако Вашингтон ја доведе ситуацијата до воен конфликт меѓу двете најголеми нуклеарни сили, ќе биде неопходно да се грижиме не за спасување на СТАРТ, туку за судбината на целиот свет. – истакна Јермаков.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  За судењето на Трамп беа избрани 12 членови на поротата

Тој рече дека затоа Москва постојано укажува на опасноста од акцијата на САД и НАТО и испраќа, како што наведе, отрезнувачки сигнали до Западот за неопходноста да се спречи катастрофа.

Јермаков рече дека Западот „сѐ уште останува глув на апелите“ на Русија и, според него, дури „злонамерно ги искривува за пропагандни цели“, пренесува Танјуг.