Јелен: Светската банка да вклучи клаузули за природни катастрофи во договорите

Сподели со своите пријатели

Светска банка треба да вклучи клаузули за природни катастрофи во договорите за заем со посиромашните земји, изјави денеска американската министерка за финансии Џенет Јелен.

Loading...

Таа им рече на новинарите во Париз дека овие клаузули ќе бидат дел од пошироката реформа на Светската банка, пренесува Ројтерс.

„Би сакале Светската банка да им понуди на земјите кои позајмуваат опција за клаузули за долг за климатски промени (CRDCs).

Овие клаузули би го намалиле притисокот врз тие земји во случај на природна катастрофа“, рече Јелен, пренесува Танјуг.

Според неа, главни теми на Самитот за Новиот глобален финансиски пакт, што почнува денеска во главниот град на Франција, ќе бидат мултилатералните развојни банки, одржливоста на долгот и мобилизацијата на приватниот капитал.