Јелен: Многу скоро предлог на САД за нов претседател на Светска банка

Сподели со своите пријатели

САД имаат намера многу брзо да предложат кандидат за претседател на Светска банка, објави американската министерка за финансии Џенет Јелен на маргините на состанокот на Г-20 во Индија.

Loading...

Извршниот одбор на Светска банка се очекува да избере нов претседател до почетокот на мај, откако минатата недела беше објавено дека Дејвид Малпас ја напушта претседателската функција многу пред крајот на својот мандат, пренесува Ројтерс.

Малпас, чиј петгодишен мандат требаше да трае до април 2024 година, го информирал одборот на Светска банка за неговата намера да се повлече до крајот на фискалната година, на 30 јуни.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД