Јапонија воведе нови санкции кон Русија насочени кон 12 поединци и 33 организации

Сподели со своите пријатели

Јапонија денеска воведе нови санкции против Русија насочени кон 12 поединци и 33 организации поради рускиот напад врз Украина, соопшти јапонската влада.

Loading...

Во соопштението се наведува дека санкциите се насочени кон 11 поединци и 32 организации во Русија, како и едно лице во Северна Кореја и една банка во Грузија, објави Кјодо.

Владата, исто така, забрани извоз во други 53 организации, од кои 22 се руски и 18 кинески, во обид да спречи извозните производи да се користат за зајакнување на руската индустрија.

Забележано е дека списокот на јапонски производи чиј извоз во Русија сега е забранет е проширен за уште 335 артикли.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина и Словачка на работ на конфликт за гасот, Фицо му се заканува на Киев со мерки

Јапонија, заедно со другите западни земји, воведува економски санкции кон Русија откако таа ја започна инвазијата на Украина во февруари 2022 година.