Јапонија планира да го заживее нуклеарниот сектор

Сподели со своите пријатели

Јапонската влада има намера да даде поттик за заживување на секторот за нуклеарна енергија, ослабен по катастрофата во Фукушима во 2011 година.

Loading...

Премиерот Фумио Кишида денеска најави дека ќе се разгледа можната изградба на „нуклеарни реактори од новата генерација“, што би било голема пресвртница за Јапонија.

„Руската инвазија на Украина во голема мера ја трансформираше глобалната енергетска слика“, изјави Кишида за новинарите, пренесува Бета-Франс прес.

Тој додаде дека „Јапонија мора да ги земе предвид потенцијалните кризни сценарија“.

Нуклеарните централи во Јапонија беа затворени по катастрофата во централата Фукушима, предизвикана од силниот земјотрес и џиновското цунами на североистокот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

Од 33 теоретски оперативни реактори, само 10 оттогаш се рестартирани бидејќи се усогласени со значително повисоки безбедносни стандарди.