Рекорден број туристи ја посетиле Јапонија минатата година, покажаа најновите податоци.
Според проценките на Јапонската Национална туристичка организација, земјата забележала повеќе од 36,8 милиони туристички пристигнувања во 2024 година, надминувајќи го рекордот од 2019 година од скоро 32 милиони.
Овој број на посети се припишува на слабеењето на јенот, што ја стави Јапонија на листата на „задолжителни“ дестинации, и покрај поплаките за пренатрупаност на популарни локации како што е Кјото.
Ова означува враќање на бумот што започна пред повеќе од една деценија, пред да биде прекинат од пандемијата „Ковид-19“, при што бројот на туристи е повеќе од четирикратен од 2012 година.
Ова делумно може да се припише на владините политики кои промовираат атракции, од величествените падини на планината Фуџи до храмовите и суши баровите во пооддалечените делови на архипелагот.
Друг фактор е евтиниот јен, кој ослабе во однос на другите валути во текот на изминатите три години, правејќи сè, од храна до рачно изработени производи попристапни.
– Јапонија долго време е дестинација која се случува еднаш во животот за многу луѓе. Но, сега е најдоброто време бидејќи во моментов Јапонија се чини дека има попуст од 30 отсто“, изјави за AFP Наоми Мано, претседател на компанијата за угостителство и настани Luxurique.
Владата постави амбициозна цел до 2030 година да го удвои бројот на туристи на 60 милиони годишно.
Властите велат дека сакаат да ги шират туристите порамномерно низ целата земја и да избегнуваат гужви и големи групи посетители кои сакаат да фатат пролетни цветови од цреша или живи есенски бои.