Јадел банана и почувствувал каснување: Раката му станала црна и врескал од болки

Сподели со своите пријатели

Хенри Могер е Британец кој доживеал вистински хроро поради момент на невнимание – и тоа поради банана.

Тој својата страшна исповест ја раскажал за „Гардијан“, а ние ви ја пренесуваме во целост:

Беше тоа октомври 2012. година кога неколкумина гледавме фудбал во куќата на мојот пријател Џејмес во Лондон. За време на второто полувреме одлучив да земам банана од чинијата за овошје. Почуствував каснување и елвата рака ми се вкочани, никому не му беше јасно зошто.

Започнав да се чуствувам зашеметено, па со такси се вратив во својот стан. Откако влегов, почуствував како да имам грип, па отишов во кревет. Мојот цимер Травис гледаше филм во својата соба кога добив грозни соништа и започнав да врескам. Ме слушнал низ ѕидот, но претпоставил дека наскоро ќе престанам, па само ставил слушалки и си го одгледал филмот.

Се обидел да убие пајак па запалил цела куќа

Loading...

Но, откако ги симнал слушалките кога филмот завршил слушнал дека се уште врескам па одлучил да провери што ми е. Кога не сум одговорил на неговото тропање на вратата, провалил бидејќи беа заклучени. Ме пронашол цел блед и препотен, како врескам и цврсто ја држам левата рака која била црвена и изгледала како оние вештачки раце од пена. Бргу ме ставил во такси и ме однел во најблиската болница и фала му на Бога што направил така.

Додека сестрата ми ја мереш температурата очите и се раширија од жуас, наскоро итно ме одвеа во амбуланта да ме прегледа екипа за тропски болести од блиската болница. Во амбулантата бев свесен и ми беа поставени милион прашања, но набргу изгуб свест. Заспав во состојба позната како хиперпирексија, што е ектремен раст на внатрешната телесна температура. Со 43 степени сум пациент со највисока температура на тоаа оделение кој не умрел.

Ми се врати свеста набргу по итната операција во која ми ја отворија раната да ја исчистат и да ја проценат штетата. Раката ми беше скоро црна. Подоцна дознав дека причина за тоа бил моќен отров на женка смеѓ пајак самец. роднина на црната вдовица. Во мене пумпаа разни антибиотици затоа што во почетокот не знаеја дека се работи за гризнување од пајак, знакот по кој тоа се препознава е црна точка со бел прстен, но отстранет е при чистењето на раната.

Пајак искасал цело семејство: Жената два пати оперирала нога, мажот замалку ќе останал без тестиси, а синот без рака (фото)

Имав и дермонекротична и системска рекација, што значи дека отровот не само што ми ја убивал кожата и ткивото, туку и органите започнале да ми откажуваат затоа што крвта започнала да станува се погуста, што ретко може да биде и смртоносно. Лекарите секако малку морале да ме успијат за да ми ја отворат раката и да исечзат месо, обидувајќи се да го спречат отровот и некрозата (смрт на клетките во ткивото) да не се шират понатаму.

Истовремено се обидуоа да сфатат за кој отров се работи и ми даваа различни лекови за да ми се спушти температурата.

По две недели во болница лекарот препорача ампутација на раката до лактот поради ризик некрозата да се прошири до срцето, но бев одлучен дека попрво ќе умрам отколку да дозволат нешто такво. Сега, со јасна глава, можам да го замислам животот со една рака кој би бил подобар од смртта. Но, бев упорен, збунет и на многу морфиум. Во четири недели имав четири операции. Лекарот ми рече дека по сите тие напорни процедури, телото конечно започнало да се бори со некрозата, што значеше дека сепак нема да ја загубам раката. Воздивнав. Ја надвладеав смртта.

Се жалела на главоболка, а лекарите и пронашле жив пајак во увото (видео)

Пресадена ми е кожа од колкот за да се надокнати ткивото кое го узгубив на раката. Тоа воедно беше и најлошиот дел од целото искуство – беше толку болно. Мојот пријател Џамес не дозна за пајакот во својот стан во првите три недели, неговиот отров е потврден дури кога болницата ги отфрли сите други можности па спореди фотографии од каснувања направени во првата болница. кога дозна, со чад го дизинфицираше целиот стан, но сепак го напушти два месеци подоцна.

Мислам дека не можеше да издржи толкава тешкотија.

Пресадената кожа добро се прифати и по шест месеци чекање елосно да се залечи можев да тргнам на физиотерапија. Раката толку долго ми беше неподвижна и загуби толку мускулна маса што самото свиткување на прстите ми претставуваше агонија. Година дена подоцна ја повратив подвижноста, но ниту денес не можам да ја почуствувам задната страна на левата дланка.

Ниту пајакот, ниту змијата – кое животно е најотровно во светот? (видео)

Никогаш не го видов пајакот кој ме гризна и се уште не знам како влегол во чинијата со овошје (или воопшто во Англија, затоа што тие живеат во Северна Америка). Претходно никогаш не се плашев од пајаци, но откако ја видов фотографијата од суштеството што ме каснало, никогаш повеќе не посегнувам со рака во чинија со овошје без првин добро да погледнам, раскажал Мофет.

Leave a Reply