Ја заклучила љубовта, па се предомислила: Минала 10.000км да го отклучи катанецот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Тиктокерка Кеси Ијунг привлече големо внимание од корисниците на оваа мрежа, откако помина повеќе од 9.500 километри, од Лос Анџелес до Сеул, со цел да го „отклучи“ љубовниот катанец што го оставила таму со своето поранешно момче.

Loading...

Таа го документираше целиот процес на Тикток, а нејзиното видео стана вирален хит со повеќе од пет милиони прегледи.

Во 2019 година, Кеси и нејзиниот поранешен партнер се нашле на врвот на Намсан кулата во Сеул, каде ја „заклучиле“ својата љубов, но таа се вратила таму оваа пролет да го тргне катанецот.

На видеото таа покажа како лета до Јужна Кореја, купила клешти и со жичарницата заминала до кулата.Таму некое време го бараше вистински катанец, а потоа го пресече.

Потоа се сврте кон камерата и покажа за што е дојдена.

„Јас сум мала кучка, не ми е гајле што ќе каже некој“, напиша таа во описот на видеото.

Корисниците на ТикТок генерално се воодушевени од нејзиниот потег.

„Ова го пишувам со најголема почит, но се плашам од тебе“, „Однесување на кралицата“, „Знаев што ќе правиш штом ги видов клештите“, „Оставив еден во Париз, морам и јас во акција“, „Каква посветеност, не знам каде го оставив нашиот катанец“, „Сакам да бидам ти“, се некои од коментарите.

Loading...

 

Leave a Reply