Извршил кражба тешка милион денари

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, Одделението за имотни деликти при Отсекот за тешки кражби до ОЈО – Скопје со кривична пријава го предаде лицето Г.Т. (26) – од Прилеп, поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело “тешка кражба“, предвидено и казниво по член 236 од КЗ, за што од страна на Судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Loading...

Со намера да се стекне со противправна имотна корист, пријавениот на 11 овој месец, околу 14,30 часот, на ул. „Атинска“, заедно со уште едно засега непознато лице извршиле “тешка кражба“ во стан, со што се стекнале со имотна корист од 1.050.000 денари.

Тешката кражба, е извршена на тој начин што откако дошле на наведената адреса, со погоден цврст алат делувале на цилиндричната брава од влезната врата на станот, ја скршиле, а потоа влегле во станот, извршиле претурање и пребарување, и пронашле и одзеле златен накит, рачни часовници и 2.500 евра.

По извршување на кривичното дело, тие на скалите се разминале со ќерката на оштетениот сопственик на станот која во тој момент влегла во влезот од зградата. Истата во обид да ја отклучи влезната врата од станот, забележала дека бравата е обиена, а кога ја отворила влезната врата видела дека инвентарот во ходникот е претуран. Веднаш се посомневала во лицата со кои се разминала на скалилата и со трчање се упатила кон соседката, која во моментот била во ходникот со уште едно лице кои исто така ги забележале Г.Т и другото лице.

Откакао кажала дека станот е провален, заедно се упатиле кон излезот по лицата, кои во тој момент излегувал од зградата и на улица „Римска“ во близина на детската градинска „Мајски Цвет“ соседката и лицето што било со неа се доближиле до Г.Т. и другото непознато лице, кои откако ги забележале се обиделе да избегаат. Граѓанинот успеал да го фати и задржи Г.Т., а другото  непознато лице успеало да избега, носејќи со него една кеса со непознати предмети.

По пријавувањето на кривичното дело на местото на настанот пристигнале униформирани полициски службеници од ПСОН Карпош кои го лишиле од слобода Г.Т., и по утврдувањето на идентитетот и извршениот преглед над истиот, пронајдени се еден пар машки чорапи кои најверојатно ги користел при вршењето на кривичното дело.

Пријавениот е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти и против истиот поднесени се четири крививични пријави за извршено кривично дело “тешка кражба“ извршени на подрачје на Скопје, Битола и Прилеп.