Израелски војници убија 16-годишно момче од Палестина во судири за време на еврејски аџилак на окупираниот северозападен брег, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство.
Убиен е Гаит Јамин, кој бил застрелан во главата.
МАСАКАР ВО АМЕРИКА: Средношколец уби 19 ученици и 2 наставници
Конфликтот избувна недалеку од местото каде, според еврејското верување, се наоѓа гробот на Јосиф, еден од 12-те синови на патријархот Јаков, додека Палестинците тврдат дека таму е погребан локален муслимански функционер.
Израелската армија, која ги обезбедуваше аџиите, соопшти дека „стотици Палестинци учествувале во бунтот што избувна кога еврејските аџии влегле во гробот на Јосиф и фрлале камења и молотови коктели“.
Северна Кореја лансираше три ракети, Јужна Кореја возврати со две
„Војниците одговориле и отвориле оган врз осомничениот кој фрлил запалива бомба“, се вели во соопштението на војската.