Резервистичките и пензионирани пилоти на израелските воздухопловни сили објавија потпишана изјава во платени огласи во весниците во која бараат итно враќање на заложниците од Газа, дури и ако тоа значи прекин на непријателствата.
„Војната служи за политички и лични интереси, само договор ќе обезбеди безбедно враќање на киднапираните“, се наведува во писмото.
Израелските воздухопловни сили во моментов го разгледуваат списокот на воен персонал кој го потпишал писмото, нагласувајќи дека писмото не вклучува повик да се одбие да служи, објави „Џерусалим пост“.
Сепак, поради политичкиот карактер на писмото, израелските вооружени сили (ИДФ) објавија дека на потписниците нема да им биде дозволено да продолжат со активна служба во резервите.
Меѓу потписниците на писмото се и поранешниот началник на Генералштабот Ден Халуц и поранешниот генерал-мајор Нимрод Шафир.
Писмото предизвика тензии во воздухопловните сили, а командантот на воздухопловните сили, генерал-мајор Томер Бар, се закани дека потписниците нема да можат да продолжат да служат во резервите, јавуваат локалните медиуми.
Иако писмото не содржеше закана за отфрлање или суспензија од службата во резервите, Бар беше особено загрижен за политичката природа на писмото, а еден од потписниците рече дека Бар одржал состаноци со командантите на единиците во последните денови, во присуство на началникот на Генералштабот на ИД Ејал Замир.
ИДФ одговори на извештајот од писмото, велејќи дека израелската војска, вклучувајќи ја и единицата на воздухопловните сили, е посветена и активно работи на постигнување на сите цели на војната, вклучително и враќање на сите заложници, пренесува Танјуг.