Израелската армија денеска соопшти дека убила најмалку „пет терористи“ во Џенин, упориште на палестинските вооружени групи на окупираниот Западен Брег, додека Хамас објави дека загинале тројца свои борци во судирите во близина на Ал Акса во Џенин.
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека три лица загинале, а 15 се повредени, од кои четворица се во критична состојба.
„Потопот Ал Акса“ е името што исламистичкото движење Хамас го даде на крвавиот напад на 7 октомври во кој загинаа 1.200 луѓе во Израел, според израелските власти.
Оттогаш, израелската војска го бомбардира појасот Газа под контрола на Хамас и ги зголеми упадите на Западниот Брег, особено во Џенин и тамошниот бегалски камп.
Според властите на Хамас, 11.500 Палестинци загинале во Појасот Газа, од кои две третини се жени и деца.
На Западниот Брег, палестинската територија окупирана од Израел во 1967 година, од 7 октомври се убиени околу 200 Палестинци.