Израелската армија гаѓаше цели на Хезболах во јужен Либан

Сподели со своите пријатели

Израелската војска (ИДФ) соопшти дека погодила голем број цели на Хезболах во јужен Либан.

Loading...

ИДФ соопшти дека нивните авиони погодиле „воени згради“ што ги користи Хезболах во областите Кафр Кила, Марвахин и Мејс ал Џабал во јужен Либан, пишува „Тајмс оф Израел“.

Израелски авиони ги гаѓаа и позициите на Хезболах во областа Аита ал Шаб.

Ситуацијата на израелско-либанската граница се влоши по почетокот на конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас во октомври 2023 година.

Израелската армија и либанскиот Хезболах речиси секој ден разменуваат оган во областите долж границата, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израелската армија призна: Многу е веројатно дека сме убиле заложници по грешка