Израел: За време на посетата на Блинкен убиени двајца полицајци, одговорноста ја презема Исламска држава

Сподели со своите пријатели

Двајца полицајци загинаа, а неколку лица се повредени во терористички напад во израелскиот град Хадера, за време на посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на таа земја и на израелско-арапскиот самит. Напаѓачите биле убиени.

Loading...

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот, се вели во соопштението објавено на Телеграм профилот на Исламската држава, пренесува Ројтерс.

 

Чернихив опкружен со руски сили, луѓе без струја и вода

 

Двајцата напаѓачи во Хадера, град на околу 50 километри северно од Тел Авив, се израелски државјани со арапско потекло и симпатизери на групата, соопштија израелските безбедносни претставници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

„Го осудуваме денешниот терористички напад во Хадера, Израел. Ваквите бесмислени акти на насилство и убиства немаат место во општеството. Ние стоиме покрај нашите израелски партнери и изразуваме сочувство до семејствата на жртвите“, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен напиша на Твитер.

Двајца вооружени напаѓачи биле убиени од полицајци кои биле на вечера во блискиот ресторан.

Loading...

 

Бајден: Не повикав на промена на режимот во Русија

 

„За среќа, нашите полицајци успеаја да ги неутрализираат напаѓачите и да спречат голем терористички напад“, изјави портпаролот на националната полиција Ели Леви за израелската телевизија Кан.

Нападот се случи пет дена откако маж уби најмалку четворица Израелци во напад со нож, пред да биде убиен од случаен минувач.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?