Израел: Убиството на хуманитарците е резултат на погрешна идентификација

Сподели со своите пријатели

Началникот на Генералштабот на израелската армија Херзи Халеви денеска изјави дека нападот во кој загинаа седум хуманитарни работници во Појасот Газа е резултат на „погрешна идентификација“ во сложени услови.

Loading...

Халеви ги објави резултатите од прелиминарната истрага за, како што рече, „сериозна грешка“.

„Тоа беше грешка што следеше по погрешна идентификација – ноќе за време на војната во многу сложени услови. Тоа не требаше да се случи“, рече тој, но не даде повеќе детали.

Тој рече дека независно тело ќе спроведе „темелна истрага“ што ќе биде завршена во наредните денови и дека војската ја цени „важната работа“ на добротворната организација World Central Kitchen.

„Гледаме големо значење во продолжувањето на испораката на хуманитарна помош и ќе продолжиме да работиме за да го олесниме овој витален напор“, рече тој.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека во нападот на конвојот на хуманитарната организација загинале австралиски, британски и полски државјани, како и Палестинци и лице со американско и канадско државјанство, пишува Ројтерс.

Организацијата соопшти дека хуманитарците патувале во два блиндирани автомобили со логото на добротворната организација и во друго возило.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера најави истрага за израелскиот воздушен напад врз Појасот Газа во кој загинаа седум работници на добротворната организација World Central Kitchen (WCK), што тој го нарече „ненамерен и трагичен“.

Loading...