Израел уби четворица Палестинци со дрон на Западниот Брег

Сподели со своите пријатели

Израелските сили убија четворица Палестинци во градот Џенин на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Loading...

Министерството не објави детали за загинатите, но палестинската Црвена полумесечина соопшти дека тие биле убиени во напад со дрон врз Стариот град на Џенин.

Израелските одбранбени сили објавија дека апсат Палестинци вклучени во терористички активности во Џенин и блискиот бегалски камп, пренесоа медиумите.

Според израелските медиуми, при апсењето дошло до судири меѓу војници и вооружени Палестинци.

Извршен е напад со дрон врз група која фрлала експлозивни направи кон војниците.

Војниците пронашле оружје и експлозиви за време на рацијата, се додава во соопштението.

Тензиите на Западниот Брег се засилени по почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, кој владее со друга палестинска територија, појасот Газа.

Повеќе од 260 Палестинци се убиени на Западниот Брег од почетокот на нападите на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври, според АП.

Loading...