Израелската војска доцна во вторникот објави дека воените авиони на израелските воздухопловни сили го убиле главниот воен командант на Хезболах и шеф на неговата стратешка единица, Фуад Шукр, познат и како „Сајид Мухсан“, во областа Бејрут.
Фуад служеше како десна рака на генералниот секретар на Хезболах Хасан Насрала и беше негов советник за воени операции, се вели во соопштението.
„Фуад Шукр ги насочуваше нападите на Хезболах врз Израел од 8 октомври“, се додава во соопштението, во кое се вели дека тој е одговорен за смртта на 12 деца во неодамнешниот напад на Мајдал Шамс во Голанската висорамнина окупирана од Израел.
Вооружената група Хезболах негираше вмешаност во нападот.
Во меѓувреме, либанското Министерство за здравство соопшти дека, според првичните информации, во израелски напад врз јужните предградија на Бејрут во вторникот вечерта загинале тројца цивили, една жена и две деца, додека 74 лица биле ранети.
Агенцијата АФП наведува дека нападот бил насочен кон Фуад Шукр, воениот лидер на проиранскиот Хезболах и дека изборите блиски до оваа група тврдат дека тој го преживеал нападот, но АФП не можела да ја потврди оваа информација.