Израел соопшти дека ќе одговори на секој напад од Иран

Сподели со своите пријатели

Израел во последните денови им пренесе пораки на Соединетите Американски Држави и неколку европски земји дека на секој директен напад од Иран ќе одговорат со израелски напад на иранска територија, објави израелското воено радио.

Loading...

Без да го наведе изворот на информацијата, радиото соопшти дека Израел појаснил дека е решен да го нападне Иран дури и ако потенцијалниот напад не предизвика жртви во Израел, пишува Тајмс оф Израел.

Се додава дека пораката има за цел да го спречи притисокот од меѓународната заедница за да се избегне насилен одговор на евентуален ирански напад.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поранешни израелски агенти за пејџер експлозиите во Либан: „Не знаеја дека ги купуваат од нас“

Иран се закани дека ќе му возврати на Израел, кој го обвинува за атентатот на политичкиот лидер на Хамас Исмалил Ханије во Техеран, пренесува Танјуг.