Израел: Пронајдовме тела на пет заложници во Газа

Сподели со своите пријатели

Израелските сили пронашле тела на пет лица убиени во напад на Хамас на 7 октомври, а кои оттогаш биле држат во Газа, соопшти израелската војска.

Loading...

Телата на извлечените жртви им припаѓаат на четворица војници и на 56-годишна воспитувачка во градинка, убиени по нападот на Кибуц Нир Оз, жртва на смртоносната кампања на Хамас во јужен Израел, што беше поттик за разорната војна во Газа.

Нивните тела беа извлечени од областа Кан Јунис во јужниот дел на Газа, каде израелските сили започнаа нови рации оваа недела.

Израел прогласи третина од заложниците за мртви во отсуство

Пронајдените заложници припаѓаат на група од 120 луѓе кои се уште се држат во заробеништво во Газа.

Третина од нив беа прогласени за мртви во отсуство од страна на Израел, врз основа на форензички наоди, разузнавачки податоци, испрашување на заробени милитанти, видео снимки и сведочења на ослободените заложници.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во обраќањето пред американскиот Конгрес рече дека неговата влада е вклучена во интензивни напори за ослободување на преостанатите заложници. Тој е убеден дека овие напори ќе бидат успешни.

Следната недела, со посредство на САД, Египет и Катар, израелската делегација ќе учествува во преговорите за обезбедување на прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, изјави израелски претставник.

Хамас сака договор за прекин на огнот за да се стави крај на војната во Газа.

Loading...

Сепак, Нетанјаху вели дека војната не може да заврши пред Хамас да биде поразен.